ЕУ очекува „итна“ апликација за членство од Украина


 

ЕУ ја очекува „итно“ апликацијата на Украина за приклучување кон Европската унија, а официјални лица во Брисел рекоа дека „ова ќе треба многу брзо да се процени од Советот и да се донесе одлуката дали да се побара итно мислење од Европската комисија“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денеска имаше видео обраќање во кое апелираше до Европската унија за итен пристап во 27-члениот блок за земјата под посебни процедури.

За Украина да стане членка на ЕУ, ќе помине низ претпристапен период со различна должина, за време на кој земјата-кандидат ги прилагодува своите институции, стандарди и инфраструктура за да ѝ овозможи да ги исполни своите обврски како земја-членка.

Процесот на пристапување вклучува усогласеност со критериумите за пристапување, вклучително и усвојување и спроведување на acquis.

Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција во моментов се земји кандидати.