ЕУ на Западниот Балкан „сама си пука во нога“


„Ако ЕУ остави вакуум на Западниот Балкан, во него ќе влетаат други сили, кои не ги делат демократските вредности на ЕУ“, вели Михаел Рот, државен министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи

Германскиот државен министер за Европа Михаел Рот е „разочаран“ што не е постигнат напредок во интеграцијата на земјите од Западниот Балкан за време на германското претседателство со Европската унија во последните шест месеци. „Итно ни се потребни позитивни сигнали за Западниот Балкан. Вака нашиот кредибилитет може да биде доведен во прашање“, рече Рот во разговор со дописникот на германскиот весник „Ханделсблат“ во Брисел.

Рот се надева дека за време на португалското претседателство ќе дојде до напредок. „Мораме да го протуркаме тоа. Бидејќи мирот, регионалното помирување и демократијата на Западниот Балкан се од централно стратешко значење за цела Европа, особено за блиското соседство.“

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука