ЕУ ја прашува Кристалина Георгиева што прави ММФ повторно во Русија
Неколку земји од ЕУ денеска ја прашаа шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева, зошто ММФ се враќа во Русија во понеделник за прв пат од 2021 година и „и помага да ја оптимизира својата економија“.
Средбата на Кристалина Георгиева е со министрите за финансии на ЕУ во Будимпешта, на која некои земји учествуваат на пониско ниво бидејќи го бојкотираат Виктор Орбан. Балтичките и скандинавските земји, плус Франција, Полска и Белгија, се незадоволни што ММФ ги обновува своите мисии и повикуваат на преиспитување.
Според ММФ, должностите што ги имаат нејзините специјалисти кон секоја земја-членка, како Русија, едноставно се исполнуваат. Според Блумберг, ММФ се обидел да ја убеди Москва дека нивните состаноци треба да бидат во трета земја.