ЕУ исклучи седум руски банки од системот Свифт, но ја нема најголемата Сбербанк
ЕУ одобри да исклучи седум руски банки од платежниот систем Свифт, вклучувајќи ја ВТБ банка, но на листата ја нема најголемата, Сбербанк. Освен Сбербак на листата ја нема ни Газпромбанк, трет по големина заемодавач во Русија, кој е тесно поврзан со енергетскиот сектор.
Банката Откритие, Новикомбанк, Промсвјазбанк, Росија банка, Совкомбанк и ВЕБ ги сочинуваат останатите шест банки на листата.
Исклучувањето на Русија од Свифт се смета за „нуклеарна опција“, бидејќи тоа би ги направило плаќањата речиси невозможни, освен преку застарени методи како факс.
Иако постои растечки политички моментум за посилен став, отсуството на Сбербанк и Гаспромбанк од списокот покажува дека сè уште постои загриженост за потенцијалните економски реперкусии.
Списокот е изнесен од Комисијата по консултации со САД, рече еден од дипломатите.
За тоа беше разговарано во вторникот на состанокот на амбасадорите на ЕУ. Дебатата се фокусираше на списокот на банки, при што Полска се обидува да го прошири, велат дипломатите.
Според еден од дипломатите, „Полска би сакала тоа да биде поамбициозно“.