ЕУ и Македонија си се меѓусебно потребни


Претседателот на германската партија СДП, Ларс Клингбеил, во седиштето на СДСМ

 

ЕУ ѝ е потребна на Македонија, но исто така, ние сме ѝ потребни на Европската унија. Европа може да е стабилна и да е безбедна, само ако е целосна и обединета, рече денеска Димитар Ковачевски на заедничка прес-конференција со претседателот на владејачката партија во Германија, СДП, Ларс Клингбеил, во седиштето на СДСМ.

Колективна одговорност на прогресивните, социјалдемократски сили во Македонија, регионот но и во Европа, е да работат заедно за посилна и пообединета Европа, додаде тој.

„Затоа ова е исклучително важен момент во македонската историја. Ние имаме единствена шанса која не смееме да ја пропуштиме, затоа што пропуштањето ќе значи повторно мрак за државата, застој и уназадување на сето она што е постигнато досега, значи целосна изолација, со последици далеку посериозни од претходната декада режим“, рече Ковачевски.