Еруптира вулкан во Индонезија, засега нема евакуација


 

Еден од најактивните вулкани во индонезија, Мерапи во Јогиакарта, еруптира денеска околу пладне по локално време.

Мерапи е висок околу 3.000 метри, а врелиот облак кој го изфрли се качува до 7 км, додека реку лава течат до 1,5 км, потврдија од државната агенција за катастрофи.

Иако засега никој не е евакуиран, властите на сите жители им наредија да престанат со сите активности во радиус од три до седум километри од кратерот, пренесе Си-ен-би-си.

„На ова гледаме како на еднократен настан, а имаше пет до шест лавини. Ако продолжи активноста да се зголемува и ако оддалеченоста биде поголема од седум километри, веројатно на жителите ќе им препорачаме евакуација“, рекоа од надзорната станица.

Последната голема катастрофална ерупција на Марапи е во 2010 година, кога загинаа 350 луѓе.