„Ер Франс“ на патниците им наплаќа дополнително за еколошко гориво
Францускиот авио-превозник „Ер Франс3 почна на парниците да им наплаќа премија за одржливо авио-гориво.
Истовремено, ќе им овозможи на патниците дополнителни доброволни прилози за намалување на јаглеродниот отисок.
Според новиот закон, најмалку еден отсто од одржливо гориво мора да се користи за полнење на авио-горивата во Франција од 1 јануари, пренесе Т-портал.
За покритие на дополнителните торшоци кои произлегуваат од оваа обврска, во цената на секој билет ќе биде вклучена доплата, која ќе се движи од едно до 4 ера во економска класа, или од 1,5 до 12 евра за бизнис класа, во зависност од должината на летот.
Од авио-компанијата објаснија дека од 2005 до 2019 година ја намалиле емисијата на јаглерод диоксид за шест посто, иако го зголемиле обемот на сообраќај.
Сакаат да ги намалат емисиите за уште 15 отсто до 2030 година во однос на 2005 година, а до 2050 година сакаат да постигнат нето нулта емисија со вложување во модерна, ефикасна флота авиони и во еколошки прифатливи горива.
Холандскиот Ка-ел-ем е партнер на „Ер Франс“, па и тие ќе ја воведат истата пракса на некои линии.