ЕПП и Социјалистите и демократите ги задржаа позициите во Европскиот парламент
Европските народни партии (ЕПП) и Социјалистите и демократите (СД) си поделија девет од 12 потпретседателски места на Европскиот парламент.
Новата група создадена од партијата на Емануел Макрон и либералите Ренова им помогна да ја задржат оваа биполираност, која беше осудена од Зелените, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Коалициските договори меѓу политичките сили неизбежно доведуваат до компромиси. Но, изминатата парламентарна сесија во Стразбур, каде беше конституиран новиот Европски парламент, Зелените беа изненадени да ги видат последиците од нивното отсуство во Европскиот совет. Шефовите на држави преговараа меѓусебно, за нивните партии и бидејќи нема ниту еден шеф на државата од партијата на Зелените, тие ги платија последиците.
Големите партии на ЕНП и СД, како и обично, ги поделија повеќето од замениците-претседатели. Со своите 182 европратеници од десните конзервативци и 154 од левицата, тие си поделија девет потпретседателски места меѓу нив, шест за десницата и три за левицата која го доби и претседателството на Европскиот парламент. За другите останаа само трошки, две потпретседателства за Ренова (104 членови) и само едно за Зелените (74 членови).
Другите партии, кои сепак претставуваат 233 од вкупно 751, или 32 отсто од хемициклот, немаат ништо. Со воспоставување на „санитарен“
Новата парламентарна група Ренова Европа не препорача да гласа за никој од канидатите на Зелените. Официјалната гласачка листа на коалицијата, дистрибуирана од страна на Ренова на нејзините членови и објавена од Јаник Жадот на Твитер, покажува дека партијата барала од своите претставници да гласаат за социјалистичките кандидати или пак ЕНП, покрај сопствените, но не и за тие на Зелените.
Тие се дотолку понезадоволни што побарале да се гласа и за кандидатите од Фидес на Виктор Орбан, која во моментов официјално е суспендирана во ЕНП поради антиевропските провокации.