Епл е највредна компанија на светот, го надмина саудискиот нафтен гигант Арамко
Епл го престигна саудискиот нафтен гигант, компанијата Арамко, и стана компанија со најголема пазарна вредност во светот.
По објавувањето на квартална заработка, акциите на Епл вчера пораснаа за 10,47 проценти, со што пазарната вредност на компанијата достигна 1,84 илјади милијарди долари.
Саудиски Арамко, кој е највредната компанија откако излезе на берза минатата година, сега има вредност од 1,76 илјади милијарди долари.