Ентони Блинкен веќе си замина


Колоната автомобили го придружува возилото на Ентони Блинкен пред хотелот „Александар палас“ кога заминуваше

 

Неколку часа траеше посетата на американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, на Скопје пред официјалното почнување на министерскиот состанок на ОБСЕ. Вечерва околу 20 часот тој го напушти хотелот „Александар палас“ каде имаше неформална вечера за учесниците на самитот и замина во регионот којшто е најгорлив во моментов – Блискиот Исток.

Претходно, Блинкен се сретна со премиерот Димитар Ковачевски, а во МНР ја предводеше официјалната американска делегација на разговорите со министерот Бујар Османи и неговите соработници.