Емили Кларк одликувана од принцот Вилијам за добротворна работа


 

Британската актерка Емили Кларк (37) заедно со нејзината мајка Џени во замокот Виндзор беа одликувани со специјално признание за нивната работа во основањето на добротворна организација за повреди на мозокот од принцот Вилијам во име на кралот Чарлс Трети.

Признанието кое што е познато како CBE (Commander of the Order of the British Empire) претставува едно од највисоките одликувања, покрај витешкото, што еден крал може да го додели.
 

Ѕвездата на „Игра на тронови“ беше видно возбудена кога ја прими наградата од принцот Вилијам во замокот Виндзор, а причината за ова престижно признание е што Кларк и нејзината мајка ја основаа SameYou, добротворна организација за да им помогне на оние кои претрпеле повреди на мозокот откако и актерката преживеала две мозочни крварења.

„На сред вежбање во теретана почувствував страшна болка во главата и паднав на колена, колегите веднаш ме однесоа на Итна медицинска помош, истиот ден бев оперирана, а по операцијата доживеав привремена афазија. Извесен период не можев да зборувам, што ме очајуваше, бидејќи мислев дека мојата кариера е завршена и дека никогаш повеќе нема да глумам“, призна Кларк.

Во најтешките моменти посакувала да ја нема, а најголема поддршка и била нејзината мајка Џени која ја уверувала дека се ќе биде во ред.

„Состојбата се искомплицира, а лекарите ѝ кажаа на мајка ми дека ако се извлечам потенцијалното оштетување на мозокот може да биде значително. Со оглед на тоа колку од мојот мозок повеќе не можам да користам, чудо е што можам дури и да зборувам и да живеам целосно нормален живот без никакви последици“, додаде актерката.