Елон Маск го „запали“ интернетот: Откри кој стои зад биткоинот?


Елон Маск повторно предизвика „хаос“ на социјалните мрежи по објавување на теорија на заговор околу Сатоши Накамото, што повторно отпочна шпекулации за идентитетот на мистериозниот програмер на Биткоин.

Во твитот, Маск сподели фотографија која сугерира дека псевдонимот Сатоши Накамото е едноставно комбинација од слоговите на четири технолошки компании: „Са“ од „Самсунг“, „Тоши“ од „Тошиба“, „Нака“ од „Накамичи“ и „Мото“ од „Моторола“.

Иако неколку луѓе тврдеа дека знаат кој е Сатоши Накамото, па дури и дека се тие самите, идентитетот на програмерот никогаш не беше официјално потврден. Креаторот на Биткоинот наводно започнал да го пишува својот код во 2007 година и бил активен во неговиот развој до почетокот на 2011 година.

Теоријата дека четирите гореспоменати компании заедно стојат зад идентитетот на Накамото не е нова. Фотографијата која Маск неодамна ја објави веќе со години се споделува на Твитер.

За милијардерот, кој и самиот е заговорник на криптовалутите, се зборува дека токму тој е Сатоши Накамото, но Маск ги демантираше овие наводи.