Електричните камиони се претешки за многу мостови


Европскиот парламент неодамна одлучи да ги укине моторите со внатрешно согорување во Европската Унија, што значи дека германските производители на автомобили мора брзо да направат промени.

Не им недостигаат пари за транзицијата, бидејќи автомобилските производители во последно време бележат рекордни профити. Хилдегард Милер, претседател на Здружението на германската автомобилска индустрија (VDA), во новото интервју за германскиот morgenpost.de, сепак, изрази загриженост за нејзината индустрија.

„Потребни ни се практични решенија. Околу 10 отсто од автопатиштата се градилишта, а околу 4.000 мостови треба да се санираат. Затоа имаме сеопфатна потреба да ја обновиме железничката и патната инфраструктура“, рече Милер.

Зошто е потребно да се поправаат мостовите? Батериите на електричните камиони се исклучително тешки. Поради ова, германското Министерство за транспорт во моментов не може да издаде сообраќајна дозвола за поголем број камиони тешки над 44 тони.

Секако, кога е ваква ситуацијата со инфраструктурата во Германија, јасно е како е во остатокот од Европа.