Ел Салвадор на секој жител ќе му понуди 30 долари во крипто-валути

Претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле, најави дека ќе понуди криптовалути во вредност од 30 долари на секој граѓанин што ќе се пријави за да користи дигитален паричник.
Владата ќе создаде сопствен паричник со биткоин, наречен Чиво, што на сленг значи „кул“.
Парите ќе бидат депонирани на сметката на секој граѓанин што ќе ја преземе апликацијата за Чиво и ќе се регистрира како корисник со неговиот телефонски број и матичниот број, пренесе СЕЕбиз.
Законот со кој биткоинот ќе стане легално средство за плаќање стапува на сила на 7 септември. Букеле верува дека овој потег ќе го претвори Салвадор во привлечна дестинација за инвеститорите, ќе ја поттикне потрошувачката и ќе ги намали трошоците за милиони државјани на Ел Салвадор кои работат во странство и испраќаат пари дома.
Паричникот Чиво ќе биде достапен за преземање во септември и ќе биде компатибилен со други паричници за биткоин.