Екстремна опасност за Барселона, издадено црвено предупредување – први снимки од поплавите во Каталонија
Додека жителите на регионот Валенсија сѐ уште се опоравуваат од катастрофалните поплави во кои загинаа повеќе од 200 луѓе, во понеделникот нови поројни дождови погодија делови од Шпанија.
Метеоролошката служба АЕМЕТ извести дека „метеоролошката криза заврши во провинцијата Валенсија“ каде што продолжува потрагата по исчезнатите. Сите очи сега се вперени во Каталонија каде властите повикуваат на максимална претпазливост поради обилните дождови.
Црвено предупредување е издадено за Барселона што укажува на „екстремна опасност“ поради бурен дожд, пишува Јутарњи лист.
The rain has arrived in Barcelona.
This was #Viladecans this morning.
It seems the worst has passed here now. pic.twitter.com/AepYznRuqg
— Jamie Coles (@JamietheColes) November 4, 2024
Во Каталонија, приградските возови привремено се прекинати „поради неповолни временски услови и предупредувања за обилни дождови“, објави операторот Rodalies de Catalunya на својата веб-страница.
📹✈️Així està ara mateix l’Aeroport del Prat
Molts vols es desvien a altres destinacions. El pàrquing es comença a inundar. Els treballadors de moment han d’anar-hi, l’operativa de terra es manté igual
Font: Aeroport del Prathttps://t.co/fSZXW23Auj pic.twitter.com/TobTnPmng2
— SER CATALUNYA (@SERCatalunya) November 4, 2024
Во Барселона утрово на аеродромот Ел Прат падна 81 литар дожд на метар квадратен на час, поради што 15 авиони беа пренасочени кон други аеродроми. Министерот за транспорт Оскар Пуенте извести дека на аеродромот ќе биде формиран кризен штаб кој ќе ги следи ефектите од невремето врз воздушниот сообраќај таму.
„Не патувајте освен ако е апсолутно неопходно“, предупреди АЕМЕТ преку социјалната мрежа Х.
Во блиската област Баикс Лобрегат, каде живеат 840.000 жители, наврнале 180 литри дожд на метар квадратен. Ова е сепак забележливо помалку отколку во провинцијата Валенсија, каде пред четири дена наврнаа повеќе од 400 литри на метар квадратен на час.
Најмалку 217 лица загинаа како последица на обилните дождови во источна Шпанија кои предизвикаа поројни поплави. Шест дена по невидената поплава продолжува акцијата за пребарување и спасување со се уште непознат број исчезнати лица, а на помош дојдоа илјадници војници.