Екссопругата на Кевин Костнер се омажи со неговиот пријател и сосед
Само една и пол година по разводот со легендарниот актер Кевин Костнер (70), модната дизајнерка Кристин Баумгартнер (53) му кажа „да“ на својот поранешен сосед и пријател Џош Конор (49), кој ја ја запроси по 18 месеци врска. Свадбата се случила на ранч во близина приватен лозје во Санта Барбара, Калифорнија, недалеку од местото каде што пораснала Баумгартнер.
На церемонијата на отворено, одржана непосредно пред зајдисонце, присуствуваа нешто повеќе од 100 од нивните најблиски семејства и пријатели, вклучувајќи ги и нивните деца.
Невестата носеше фустан по нарачка од Мира Цвилингер со рачно везени цвеќиња и деколте со срце. За приемот, таа се пресоблече во бел сатенски фустан без прерамки од Лихи Ход со деколте со срце и страничен шлиц.Џош, пак, носеше црн смокинг по нарачка во класична силуета.
Костнер и Баумгартнер се разделија во мај 2023 година по 19 години брак во кој имаа три деца – Кејден (17), Хејс (15) и Грејс (14), а Кристин набргу потоа започна романса со четири години помладиот финансиер.
Кристин и Кевин беа вмешани во прилично жесток случај за развод, кој се влечеше во медиумите извесно време, а кој успеаја да го решат по бројните расправии и спорови околу доделувањето на старателството над децата и поделбата на имот. На крајот се договориле за заедничко старателство и таа добива алиментација во износ од 60.639 евра секој месец, што е значително помалку од 160-те илјади евра што првично ги барала, но судот заклучил дека помалата сума е доволна.


