Експлозија во Краснојарск, наредена евакуација на населението


Во воената база во Краснојарск се случи експлозија во магацин со муниција при што повредени се четири лица.
Експлозиите продолжуваат, па властите наредија евакуација на жителите околу магацинот во радиус од 20 километри. Во магацинот горат два огна, каде се чуваат 40.000 куршуми.
Се наведува дека од експлозијата испукале стакла на станбените згради кои се наоѓаат во околината