„Економист“: Македонија и натаму „несовршена демократија“, но блиску до тоа да стане „целосна“


„Економист“ во Индексот што го објави денес за 2023 година ја стави Македонија во групата на „несовршени демократии“. Тоа е едно скалило над хибридините режими и едно под нивото „целосни демократии“. Практично од 2020 година кога важеше за „хибриден режим“ Македонија е на истата позиција во однос на развојот на демократијата, при што овојпат има оценка 6,03.Во споредба со 2022 година, се наоѓаме на идентично 72 место, но со малку намалена просечна оценка од 6.03. Во 2022 оценката беше 6.10.

Од земјите во регионот, единствено Грција напредуваше во „целосна демократија“. 

Како што е познато, рангирањето на Индексот на демократија на „Економист“ се  сочинет од 60 индикатори поделени во пет категории: изборен процес и плурализам; граѓански слободи; функционирање на владата; политичко учество; и политичка култура. Оценувањето е на скала од 0 до 10 за секој од 60-те индикатори за кои потоа се изведува просечна оценка во 5-те категории и конечна оценка во рангирањето. Сите оценки под 6 за поединечни елементи на овој композитен индекс и конечната просечна оценка, упатуваат на хибридни и авторитарни режими.

Според политичкиот аналитичар и колумнист на Рацин.мк, Тони Поповски, претпоставка е дека би се искачиле најмалку десетина места погоре, доколку ја унапредиме политичката култура, за која трета година по ред имаме оценка од 3.13 од 10.

Другите поединечни оценки се: идентична 7.83 за изборниот процес и плурализмот; намалена оценка за функционирање на владата од 5.71, во 2022 беше 6.07; идентична оценка од 6.11 за политичкото учество – трета година по ред и идентична оценка од 7.35 за граѓанските слободи.

Поповски во својот статус на социјалните мрежи по овој повод пишува дека е неопходно да ја подобриме политичката култура, која, како што истакнува тој, е рефлексија на однесувањето, говорот и наративите на нашите политичари, но и на нивото на комуникација во медиумскиот простор и на социјалните мрежи.

Откако се мери Индексот на демократијата, Северна Македонија имала највисока оценка во 2006 година (6,33). Наредните години индексот постојано се намалувал и во 2016 година паднал на најнизок ранг, 5,23. Во 2017 година пораснал на 5,57 и со континуиран раст од околу 0,10 во наредните години, во 2022 стигнал до 6,10, откако во 2021 излезе од групата „хибридни режими“.

Просечната регионална оценка за Европа и Централна Азија во Индексот за демократија за 2023 година изнесува 5,37, подолу од 5,39 во 2022 година. Перформансите на регионот најдобро може да се сумираат како приказна за издржливост, оценува „Економист“.
Централна Азија е еден од подрегионите со најниски резултати во светот, а Русија и Украина и
назадуваа во 2023 година. Сепак, резултатите во централна Европа, Балтикот и Балканот помогнаа да се поддржи вкупниот регионален резултат. Само седум од 28 земји во регионот забележаа пад на нивниот резултат во 2023 година, додека оценките за пет се подобрија, а 16 останаа исти.

Сè уште нема „целосни демократии“ во регионот, иако неколку од 16 земји класифицирани како „несовршени демократии“ се блиску. Меѓу  нив се 11-те источни земји-членки на ЕУ и
петте земји кандидати за членство во ЕУ од Западен Балкан (Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) и Молдавија“, се оценува во Индексот.

Постојат четири „хибридни режими“ (Ерменија, Босна и Херцеговина, Грузија,
и Украина), и осум „авторитарни режими“ (Азербејџан, Белорусија, Русија, Киргистан, Казахстан, Узбекистан, Таџикистан и Туркменистан).

Индексот на демократија државите ги дели во четири групи: „целосни демократии“ во која се рангирани 21 држава; „несовршени демократии“ – 53 држави; „хибридни режими“ – 34 држави; и „авторитарни режими“ – 59 држави.

Генерално  во светот добрата вест е дека бројот на земји класифицирани како демократии се зголеми за две – на 74 во 2023 година. Сепак, мерено со други метрики, годината не беше поволна за демократијата. Глобалниот просечен индекс на оценката паднана 5,23, намалување од 5,29 во 2022 година. Ова е во согласност со општиот тренд на регресија и стагнација во
последниве години, и означува ново ниско ниво од почетокот на индексот во 2006 година. Најголем дел од регресијата се случи меѓу недемократиите класифицирани како „хибридни режими“ и „авторитарни режими“.  Ова сугерира дека недемократските режими се
стануваат се повеќе вкоренети и „хибридни режими“ се борат да се демократизираат.

„Според нашата мерка за демократија, речиси половина од светското население живее воа
некаков вид демократија (45,4%). Само 7,8% живеат во „целосна демократија“, пад од 8,9% во 2015 година. Процентот падна откако САД беа деградирани од „целосна демократија“ до „несовршена демократија“ во 2016 година.Повеќе од една третина од светското население живее
под авторитарна власт (39,4%).