Еклиптиката видлива над Скопје


Планетите орбитираат околу Сонцето речиси по една рамнина наречена еклиптика. Затоа, гледано од Земјата, планетите се наоѓаат на една линија, што е истата линија по која Сонцето се движи по небото.
 

Вечерва (петок 24.02.2023) Месечината, Јупитер и Венера се израмнија речиси на таа линија. Боби Кузманоски го овековечи ова на прекрасна фотографија на која можете да го видите овој распоред на овие три небесни тела.

На втората фотографија, жолтата линија ја покажува еклиптиката, а покрај претходно споменатите три небесни тела, може да се види дека во близина на еклиптиката се и планетите Нептун и Сатурн и дека самата еклиптична линија минува низ центарот на Сонцето; појаснуваат од Скопското астрономско друштво и ги покануваат сите да им се придружат на новиот курс по астрономија.

 
Можете да се пријавите на следниот формулар: https://forms.gle/yDxraKiKYvhjw6io9