Еден загинат и двајца повредени во руски напад врз Киев


Небото над Киев во пламен по ударот на руска балистичка ракета (Фото: Ројтерс)

Едно лице загина, а две се повредени при руски ракетни напади што ја погодија украинската престолнина Киев изминатата ноќ, соопштија денеска локалните власти.

Нападите погодиле четири делови од градот, а оштетени се станбени згради, супермаркет, влез на метро-станица и основно училиште каде што избувнал и пожар, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Жртвите ги потврди началникот на воената администрација на градот, Тимур Ткаченко.