ЕЦБ: Бугарија и Хрватска имаат уште работа пред да станат дел од еврозоната


Германија– Бугарија и Хрватска имаат уште многу да работат за  санирање на своите економии и за подобрување на своите институции пред еврото да стане национална валута, изјави денеска претсатвникот на Управниот одбор на Европска централна банка (ЕЦБ), Фабио Панета.

– Преземените реформи од двете држави нема да ги поправат сите дисбаланси и слабости со кои се соочуваат, потребен е поголем напредок во управувањето, нивната правна рамка и целокупниот квалитет на институциите, истакна Панета.

Бугарија и Хрватска на 10 јули беа примени во Европскиот механизам на девизен курс (ЕРМ II), при што во следните две години треба да имаат инфлација, како просечната инфлација во Европска Унија. А потоа најрано во во 2023 година можат да станат дел од еврозоната.