ЕБОР најавува поддршка за домашните фирми од 40 милиони евра
Европската банка за обнова и развој размислува за дополнителна поддршка преку кредити за домашните компании во услови на ковид кризата. На тоа, според претставникот на ЕБОР во државава, се работи со повеќе банки, а инвестиците би достигнале над 40 милиони евра.
-Да, размислуваме за тоа, веќе има направено повеќе активности во таа насока. Соработуваме со Шпаркасе банка каде што пласиравме поддршка на 20 компании и уште работиме и со други банки. Се надеваме дека целиот циклус ќе се заокружи и дека бројот на инвестициите ќе се зголеми до над 40 милиони евра, изјави Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР во државава.
Тој денеска потпиша договор со НЛБ Банка Скопје на која ЕБОР и обезбеди две кредитни линии во износ од осум милиони евра за пласирање кредити на домашните фирми и домаќинства за поддршка на конкурентност и енергетска ефикасност.
Антонио Аргир, претседател на УО на НЛБ Банка, вели дека во услови на кризата, продолжиле со редовни активности и кај потрошувачките и кај станбените кредити кај клиентите кои не користеле одложување на отплатата. Пристапиле кон нормано крдитирање кај оние кои користеле одложување но увиделе дека им се стабилни приходите.
– Порастот на кредити на физички лица од година во година е 9,1 процент, што е одличен податок, што значи дека како и во секоја криза оние клиенти кои се директно погодени самите се воздржуваат од трошење и инвстиции, а оние кои видоа дека тековите и платите ќе бидат стабилни кај нив индивидуално или во нивното семејство продолжија со нормални активности. Не е изнедаување, но сепак бевме малку попесимисти кај станбените кредити кои продолжија со супер динамика кога ќе земеме во какви услови работиме и досега невидена криза, рече Аргир.
Кај физичките лица главно се користи мерката за одложување на отплатата на кредитите, со тоа што за втората таква можност, како што укажа, тоа се дозволува селективно, онаму каде што е најмногу потребно односно физичките лица реално имаат најголема потреба, изгубиле работа или им се намалени семејните приходи.
Кај правните лица зависи од случајот. Се користи и одложување и рефинансирање на обврски, како и нови средства за ликвидност онаму каде што бизнис моделот е добар и стабилен.
-Засега добро се справуваме со кризата, одговоривме на предивзиците на нашите компании, особено на тие што до пред кризата немале проблеми, имале добро работење, а евентуални проблеми имале исклучиво за ковид кризата. На почетокот за малите претпријатија, со изложеност до 350.000 евра направивме одложување на сите краткорочни кредити за 12 месеци, а кај кредитите со отплата на рати ги одложивме ратите од октомрви, секојдневно сме во комуникацја со наните клиенти, појасни Аргир.
Нивните анализи покажале дека не се променила сликата за тоа колку се погодени нивните клиенти од кризата.
-Анализата што е направена од почетокот на кризата од целото портфолио на правни лица покажува дека од девет до 10 проценти се директно погодени од кризата, до 50 проценти средно, а над 50 проценти слабо погодени, а некои дури имаат и корист заради потрошувачките промени. Таа слика отприлика стои, не се менува. За жал се уште стои неизвсноста колку ќе трае. Како банка и банкарски сектор успеваме кризата да не премине во финансиксиот сектор. Ќе се навикнеме на нова нормала, нов начин на работење и бизнис модели, а кај оние најпогодените особено туризмот, угоститеството, делови од транспортот за жал можеби меѓу нив ќе има и такви кои нема да ја пребродат бидејќи едноставно немаат доволно резерви, изјави Аргир.