ЕБОР ќе го претстави Извештајот за транзиција за 2024-2025 година

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска ќе ја претстави својата анализа за транзиција 2024-2025.
На презентацијата што ќе се одржи во хотел Холидеј Ин со почеток во 11 часот ќе се обработат клучните економски индикатори за Северна Македонија и Западен Балкан, како и активностите на ЕБОР во земјата.
Настанот ќе го отвори Анита Ангеловска Бежоска, гувернерка на Народната банка, по што ќе следат излагања од Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР, Питер Табак, главен регионален економист, и Жока Коцан, главен економист на Одделот за влијание врз транзицијата и глобалните економии.