Ѕвезден погреб во Париз: Модниот свет се прости од Питер Линдберг


Франција– Од Ана Винтур до Кејт Мос. Најславните фаци од модниот и актерскиот свет во Париз се простија од славниот германски фотограф Питер Линдберг кој почина на 75 години.

Тој ги следеше кариерите на топ-моделите Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон, на Татјана Патиц и на многу други.

Линдберг ги снимаше првите кампањи на Фолцваген Голф и работеше во магазинот „Штерн “ пред да се пресели во Париз во 70-тите.

„Нема убавина, без вистина“, знаеше да каже омилениот фотограф на славните кој во својата плодна кариера соработуваше со Вог, Ванити Фер, Харперс Базар и Њу Јоркер, но снимаше и легендарни фотосесии за престижниот календар на „Пирели“.