На последниот попис во Бугарија во 2011 година како Македонци се изјасниле 1.654 лица, на тој во 2001 година 5.071, а во 1992 година 10.803. Најмногу Македонци биле пребројани во 1956 година – 187.789.

Македонија со Договорот за добрососедство се согласи да не се меша во внатрешните работи на Бугарија, но тоа не важи за бугарските власти, посебно за претседателот Румен Радев, кој бара Бугарите да бидат вметнати во Уставот, иако нивната бројка е минорна. На пописот во 2002 беа избројани 1.417 Бугари (или 0,073 отсто од вкупното население).

Ваквите политички роварења во пописот, затоа, имаат за цел да се искористат луѓето со бугарски пасоши за да се бараат политички права како за Албанците во Македонија, т.е. да се спроведува бугаризација на нашата држава, што станува појасно по поплаката дека ниту еден Бугарин не бил на висока функција во државата. Тоа, реално, може може да се постигне најлесно со тргање на границата во рамките на ЕУ, но политичката мисла во оваа земја очигледно не е отидена толку далеку да се сфати тоа, или пак им се брза многу.  (С.Ј.)