Џули Ендрјус-добитничка на „Златен лав“ за животно дело на Мостра


Италија– Џули Ендрјус (83) , холивудската легенда, препозналива по улогата на Мери Попинс во истоимениот филм, е добитничка на наградата за животно дело на Мостра 2019.

Актерката, која освои Оскар во 1965 година за  улогата во „Мери Попинс“  го бакна лавот додека ја примаше наградата и се слушаа овации од публиката.

-Бев почестена што поголемиот живот му го посветив на филмот. Во кариерата играв многу добри улоги во многу добри филмови, изјави Ендрјус.

Ја започнала кариерата како дете ѕвезда на лондонскиот Вест Енд, пред да стане славна со улогите на Бродвеј. Препознатлива е и по улогите во филмовите “Victor/Victoria” и “The Princess Diaries”, а во 2018 година и во блокбастерот  “Aquaman”.