JП Морган: Зголемувањето на каматните стапки силно го зголеми профитот
Најголемата американска банка, ЈП Морган (JPMorgan), објави квартални оперативни резултати кои беа малку над очекувањата на пазарот, благодарение на повисоките каматни стапки од ФЕД и стекнувањето на проблематичната банка Фрст рипаблик (First Republic Bank).
Приходите во третиот квартал скокнаа за 21,9 отсто на 39,87 милијарди долари, надминувајќи ги консензуалните проценки од 39,40 милијарди долари.
Заработката по акција (EPS) скокна за 39 отсто на 4,33 долари, надминувајќи ги очекувањата од 3,94 долари, а нето добивката скокна за 35 отсто на 13,2 милијарди долари.
Растот на профитабилноста во голема мера се должи на растот на нето-приходите од камати откако ФЕД продолжи со интензивниот циклус на зголемување на каматните стапки во текот на годината. Нето приходите од камати скокнаа за 30 отсто на 22,9 милијарди долари, додека ова зголемување без средствата на First Republic Bank изнесуваше 21 отсто.
Успешниот трет квартал му овозможи на менаџментот на банката повторно да ја зголеми прогнозата за очекуваниот нето каматен приход во 2023 година од 87 на 89 милијарди долари. Банката очекува дека двата фактори кои го овозможија многу добриот резултат, нето приходите од камати и расходите за кредити, „со текот на времето ќе се нормализираат“.
Компанијата очекува рекорден износ на нето-приходи од камати оваа година.