Џафери на онлајн-конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска ќе учествува онлајн на 17. Конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива, што се одржува во Љубљана, соопшти собраниската прес-служба.
Учесниците на конференцијата ќе дискутираат на тема „Кон дигитално општество – можности и ризици за помладата генерација што влегува на пазарот на трудот“.
Конференцијата првпат се организира во видеоформат и ќе може да се следи директно преку: https://www.dz-rs.si/wps/