Џафери ќе го разреши Стојанче Ангелов од функцијата во ЦУК


Фото: Б. Грданоски

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска ќе разговара со директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и лидер на партијата „Достоинство“ Стојанче Ангел, откако тој во неделата најави дека излегува од коалицијата предводена од СДСМ и дека разговара за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

-Доколку јавно најавил дека не стои зад владината програма, од формален аспект секако дека ќе започнам одредени постапки во однос на кадровското решение и ќе донесам  соодветна одлука. Секако дека тоа што се вели на телевизија не е за започнување на постапка, но јас директно ќе комуницирам со директорот. Така што, сметам дека ќе заврши со разрешување, нема друг  по посетата на Теарце.

Лидерот на „Достоинство“ во неделата во изјава за медиумите рече дека поради неисполнети очекувања за надминување на проблемот со кој сѐ уште се соочуваат необесштетените воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители, „Достоинство“ ќе излезе од коалицијата со СДСМ.