Двојните стандарди на европските елити во време на карантинот


Австрискиот претседател Александар ван дер Белен се заседна во ресторанот на нашинецот Аки Нуредини  подолго од дозволеното време 23 часот. Ван дер Белен се извини и рече ако Нуреди претпри штета поради тоа, тој ќе ја преземе одговорноста (Фото: ЕПА)

Случајот на главниот советник во британската влада, Доминик Камингс, не е осамен. Многу европски политичари правеа спротивно на она што го бараа од нивните сограѓани за време на карантинот

 

Едно правило за нив. Друго за сите нас.

Откако британскиот премиер Борис Џонсон и неговиот главен помошник Доминик Камингс го доживеаја тоа врз своја кожа, а јавното мислење се вџаши од лицемерието, обвинението за двојни стандарди во моментов е најтоксично во британската политика.

Главниот креатор на „Брегзит“, Камингс, е поларизирачка фигура со години. Но, откритијата во текот на викендот дека тој очигледно ги кршел правилата за заклучување поминаа многу лошо кај многу Британци, без оглед каде лежат нивните политички лојалности.

Премиерот во неделата ги бранеше постапките на неговиот помошник, велејќи дека дејствувал „одговорно и законски“, очигледно пресметувајќи дека ќе ја совлада гневната политичка реакција и ќе ги задржи услугите на неговиот најверен советник.

Но перцепцијата на двојните стандарди за моќните не поттикна остра реакција на јавноста само во Велика Британија. Политичарите и функционерите кои ги игнорираат правилата за заклучување, ги иритираа граѓаните во цела Европа. Некои од нив одлучија дека барањето прошка е подобра стратегија отколку да се борат со тоа.

Австрија

Претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен, се извини во неделата, откако тој и неговата сопруга беа фатени од полицијата како ги кршат правилата за полицискиот час во ресторан.

Рестрикциите на корона вирус во земјата вклучуваат задолжително затворање на ресторани и барови во 23 часот, но полицијата соопшти дека парот сепак имал пијалаци на нивната маса по полноќ. Ван дер Белен на Твитер изјави дека излегол да вечера за прв пат откако започна заклучувањето со неговата сопруга и двајца пријатели.

„За време на разговорот се изгубивме во времето време и за жал го занемарив часот“, напиша тој. „Искрено жалам. Грешка беше. Ако домаќинот на ресторанот претрпи штета од ова, јас ќе ја преземам одговорноста за тоа“.

Престапот на Ван дер Белен се случи неколку дена откако австрискиот канцелар Себастијан Курц беше принуден да се извини што се појавил без маска меѓу толпата луѓе во село близу германската граница.

„Постојат одредени работи што не можете да ги планирате“, рече Курц подоцна, признавајќи дека некои луѓе не успеале да практикуваат социјално дистанцирање.

Германија

Претходно овој месец во Германија, лидерот на либералната партија ФДП, Кристијан Линднер, беше фатен како се гушка со пријател пред „Борчард“, омилен ресторан на берлинската елита.

Откако за инцидентот широко се пишуваше во германските медиуми, Линднер се извини на Твитер.

„Спонтаната проштална прегратка во петокот беше грешка, бидејќи тие за жал се случуваат меѓу пријателите по приватната вечер“, рече тој. „Не беше намерно… на крајот сите сме луѓе. Жал ми е!“

Линднер не беше првиот германски политичар што ги прекрши правилата на корона вирусот.

Претходно, покраинскиот премиер на Саксонија, Михаел Кречмер, беше забележан како се вклучи во дебата со демонстрантите во Дрезден, без да носи маска за лице, додека државниот премиер на Тирингија, Бодо Рамелов, призна дека ги прекршил правилата кога присуствуваше на погребот на соседот.

Не секој политичар ги крши правилата кога станува збор за погреби. Во понеделникот беше откриено дека мајката на холандскиот премиер Марк Руте починала на 13 мај, но тој не бил во можност да ја посети во нејзините последни недели.

Романија

Во меѓувреме, во Романија, илјадници луѓе присуствуваа на погребот на архиепископот Пимен Зеинеа од Сучеава и Радаути минатата недела. Некои ожалостени дури го бакнуваа ковчегот.

Според локалните медиуми, романската православна црква претходно добила специјално одобрување од Одделот за вонредни состојби и Националниот институт за јавно здравје.

Некои Романци реагираа налутено на вестите затоа што Ковид-19 правилата во земјата налагаат погребите да можат да бидат само со максимум осум присутни.

Полска

Минатиот месец во Полска, премиерот Матеуш Моравјецки и многу други официјални претставници на владејачката партија Право и правда (ПиС) се собраа да ја одбележат годишнината од смртта на тогашниот претседател на земјата Лех Качињски во авионска несреќа во 2010 година.

На церемонијата за положување на венци, ниту премиерот ниту другите службени лица носеа маски за лице или ги следеа упатствата за социјално растојание.

Истиот ден Јарослав Качињски, водачот на ПиС и брат близнак на Лех, беше одведен со лимузина на Варшавските гробишта во време кога гробиштата беа затворени за обичните граѓани. Народното незадоволство од очигледните двојни стандарди најде глас во сатирична песна потсмевајќи се на Качињски: „Вашата болка е поголема од мојата“. Последователно, таа беше исфрлена од плејлистата на радио станица под контрола на владата во она што некои во земјата го сметаат за чин на цензура.

Во уште еден контроверзен инцидент, премиерот минатата недела јадеше во новоотворен ресторан без да се одржи правилото за социјална дистанца од 1,5 метри.

Тој во текот на викендот објасни дека „одредено растојание е предложено, но не се бара“ според правилата за корона вирусот на владата, но подоцна тоа беше оповргнато од владиниот портпарол, кој рече дека Моравјецки бил „дезинформиран“ за упатствата.

Шпанија

Потпретседателот на владата на Шпанија, Пабло Иглесијас, беше критикуван во март за кршење на препораките за изолација и појавување на состаноци на владата. Партнерот на Иглесијас, министерката за еднаквост, Ирина Монтеро, беше позитивно тестирана на корона вирусот и во тоа време беше во карантин, што доведе до загриженост дека Иглесијас ненамерно може да зарази други членови на владата на неделните состаноци.

Во април, тој беше исто така ги игнорираше препораките на владата за маски за лице без да носи кога заминал во неговиот локален супермаркет.

Погребот на Хулио Ангуата, поранешен лидер на Комунистичката партија на Шпанија, привлече илјадници луѓе во шпанскиот град Кордоба

Mинатата недела, погребот на Хулио Ангуата, поранешен лидер на Комунистичката партија на Шпанија, привлече илјадници луѓе во шпанскиот град Кордоба. Ангуита, кој беше градоначалник на Кордоба од 1979 до 1986 година, почина неочекувано од срцев удар на 16 мај.

Сцените на многуте луѓе што присуствуваа на неговиот погреб предизвикаа голем гнев кај многу Шпанци, кои се пожалија дека не се почитува социјалното растојание на големата церемонија. Многу обични луѓе кои починаа во последните неколку недели мораа да бидат погребани во осаменост, а членови на семејството не можеа да присуствуваат. (Политико)