Две лица загинаа во сообраќајка на патот Охрид-Ботун
Од засега непознати причини, утрово околу 7.30 часот, патничко возило изгубило контрола и излетало од коловозот на патниот правец Охрид – Кичево кај селото Ботун.
Во несреќата две лица ги загубија животите, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На местото на настанот извршен е увид, а истрагата треба да утврди што ја предизвикало сообраќајната несреќа.