Две катни гаражи ќе се градат во Клиничкиот центар во Скопје


Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје ќе добие две катни гаражи. Владата на седница вечерва ја усвои Предлог-одлуката за започнување постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство (ЈПП) за изградба на гаражите.

Како што соопшти владината прес-служба, целта на постапката за доделување на договор за јавно приватно партнерство за изградба на две катни гаражи во најголемиот клинички комплекс во Скопје е финансирање, дизајнирање, изградба на објектот, користење, управување и одржување на новиот објект се со цел да се исполни целта на ЈПП и давање на квалитетна услуга.

-Со овој модел на ЈПП, приватниот партнер ќе биде одговорен за финансирање на дизајнот, финансирањето на изведбата на градбата, целосно опремување, управувањето и одржувањето на двете нови катни гаражи, појаснуваат од Владата.