Двајца загинати и четворица повредени – биланс на сообраќајките вчера


Фото: Б. Грданоски

Загинати двајца возачи, а еден возач и тројца сопатници од кои едно малолетно дете се потешко повредени. Ова е билансот од три потешки сообрајќајни несреќи случени во изминатото деноноќие во Македонија.

Животот го загубиле 56-годишник од Косово и 41-годишна жена од Кичево.

Првата несреќа се случила на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир-Крива Паланка, каде излетало возило од патот со косовски регистарски ознаки. Втората е во Македонски Брод каде исто така од патот излетало возило со кичевски регистарски ознаки. А третата се случила покрај автопатот „Пријателство”, кон Граничниот премин Богородица.

На лице место извршен е увид од надлежни лица за трите несреќи.