Два ракометни суперлигашки дуела во Скопје
По паузата поради ЕХФ неделата и настапот на репрезентацијата ракометните суперлигаши со натпреварите од 3.коло од плеј офот го продолжуваат првенството. Сите три натпревари од оваа рунда ќе се играат во Скопје, но два се попладнево, а дербито во четврток.
Во 18 часот е почетокот на дуелите Алкалоид – Тиквеш и Бутел – Еурофарм Пелистер, додека дербито Вардар – Охрид се игра во четврток (2.април) поради настапот на охриѓани во ЕХФ Европскиот куп против грчки Олимпијакос.
Во плеј аут лигата вчера се одигра првиот натпревар од 3.коло, а Прилеп победи на гостувањето кај Струга со 31:25. Попладнево играат Радовиш – Пролет (почеток 17 часот) и МРК Куманово – Еурофарм Пелистер 2 (19 часот).
Од ракометните настани попладнево од 15 часот во салата Автокоманда се игра и дербито од Првата лига меѓу Мулти Есенс и Младост од Богданци. Во директен дуел овие екипи решаваат за првото место во лигата.