ДУИ: ВМРО го принуди ВЛЕН да го поддржи Законот за бранители
Демократската унија за интеграција ги нарече „дволични, губитници и слуги на ВМРО“ преставниците на ВЛЕН околу гласањето за предложениот закон за бранители на вчерашната седница во Собранието.
„Поразените пратеници на ВЛЕН првично се изјаснија дека се против и ќе го спречат донесувањето на законот за бранители, ја напуштија седницата и по телефонскиот повик од нивните сопственици од ВМРО, се вратија со свиткани опашки и обезбедија кворум за усвојување на дневниот ред со законот за бранителите. Ова кажува дека ВЛЕН се заложници на ВМРО и со секоја нивна постапка ги земаат на врат Албанците. Националното знаме, албанскиот јазик, поранешните војници на ОВК, правичната и соодветната застапеност, балансерот, не посрамотија пред Косово и Албанија… секое национално достигнување беше прекршено за помалку од 100 дена. Северна Македонија треба да биде еднаква земја за сите граѓани, а не за едни мајка, а за други маќеа“, стои во соопштението на ДУИ.