ДУИ: Ветинг и за премиерот
Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) остро го осудува неодговорното однесување на премиерот, кој постојано ја користи својата државна позиција за да им се заканува на опозициските политичари и бара од него да покаже дека сака да се бори против корупцијата со тоа што ќе дозволи независен и меѓународен процес на ветинг што би го опфатил и него.
Од ДУИ сметаат дека премиерот отворено ја злоупотреба на власта, се обидува да создаде лажна перцепција во јавноста и да го ограничи просторот на опозицијата за делување.
„Дополнително, овие постапки вршат неприфатлив притисок врз независните институции на правосудството. Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба. Овие постојани закани се незаконски и покажуваат ароганција, која е знак за неговата несигурност. Владеењето базирано на страв и манипулација не може да биде стандард во нашата демократија3, вела од партијата.
Сметаат дека, доколку премиерот навистина е искрен во борбата против корупцијата, тој би го прифатил нивниот повик за независен и меѓународно посредуван процес на ветинг, кој ќе ги опфати сите партии и политичари, вклучувајќи го и него самиот.