ДУИ: Навреда е што путинистот Стоилковиќ е одговорен за Охридскиот договор
Демократската унија за интеграција смета дека е навредлив фактот што потврдениот путинист, непризнавачот на независноста на Република Косово, Иван Стоилковиќ, е вицепремиер и министер одговорен за Охридскиот договор, иако тој самиот ниту го признава ниту го почитува. Како последица на тоа, буџетот за потпишување на Охридскиот договор е намален со одлука на моноетничката влада и амин на рако-бакнувачите вазали кои ги окупираа државните институции без легитимитет на албанскиот гласач, но со предпочитање на ВМРО-ДПМНЕ, како во времето на монизмот и Милошевиќ, соопшти ДУИ.
„Демократската унија за интеграција не може да стои со скрстени раце кога секојдневно се понижуваат Албанците и другите и кога се поништува секое достигнување во насока на еднаквоста.Затоа, го ангажиравме авторот на Охридскиот договор, Пол Вилијамс, и неговиот тим во ПИЛПГ да изготват правна платформа за легитимност, при што првиот нацрт е веќе поднесен и ќе биде разгледан во рамките на Европскиот фронт, а потоа и јавно со академскиот свет, невладините организации, медиумите, граѓаните.
Централното одбележување на потпишувањето на Охридскиот договор се одржува утре, вторник, со почеток во 12:00 часот во хотелот ‘Александар Палас’ во Скопје“, се додава во соопштението на ДУИ.