ДУИ ја нарече „руска агенда“ политиката на Владата
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за опасните политики на Владата, за кои, како што велат, не само што ја поткопуваат стабилноста на Македонија, туку се совпаѓаат и со дестабилизирачката агенда што им служи на геополитичките интереси на Русија.
-Неодамнешните постапки на владата, вклучително и обвинувањето на Албанците за кризата што самата ја направи, покажуваат јасна стратегија која има две цели: да ги уништи темелите на Охридскиот мировен договор и да се оттргне вниманието од неуспехот да се спроведат уставните измени неопходни за интегративниот пат кон Европската унија.
Од ДУИ потенцираат дека Албанците отсекогаш биле гаранти на стабилноста и промотори на евроатлантските процеси во Македонија.
-Обидите да се прикажат како дестабилизирачки фактор се неосновани и имаат за цел да ги прикријат неуспесите на владата и нејзината ориентација кон странски агенди. Ја повикуваме Владата веднаш да престане со овој неодговорен курс и да даде јавен отчет за мотивите и последиците од овие политики. Албанците нема да станат плен на овие намерни провокации и ќе продолжат да ја бранат стабилноста, мирот и евроатлантскиот пат на земјата. Исто така, го повикуваме меѓународниот фактор внимателно да ги следи овие случувања и да интервенира за да спречи дестабилизирачките агенди да предизвикаат непоправлива штета на земјата и на регионот, стои во партиското соопштение.