Дубаи ќе добие хотел во облик на Месечината
Компанијата со седиште во канада планира да изгради четири месечеви ресорти, а првиот е наменет за Дубаи. Раплика на Месечината висока 222 метри, ќе содржи секакви погодности кои се очекуваат од луксузно летувалиште.
Проектот е вреден пет милијарди долари, а ќе вклучува и искуство на лунарна колонија и површина на Месечината, наменето за доведување на вселенскиот туризам на Земјата.
Според основачите на компанијата, Сандра Метјус и Мајкл Хендерсон, ресортот би можел да прими до 10 милиони посетители годишно кога ќе биде довршен.
Секако, месечевиот ресорт ќе ги прима гостите кои ќе имаат во што да уживаат и да дожеват. Населбата ќе содржи ноќен клуб, центар за случувања кој ќе прима 5.000 гости, спа-велнес центар, џез-пијано бар и повеќеетажен салон налик на вселенско летало. Голем конгресен центар наменет е за привлекување излагачи на подрачјето ан технологијата и вселената.
Месечевиот ресорт ќе вклучува и 144 луксузни единици за купување во склоп на програмата за приватни резиденции. Секоја вила од 185 квадрати доаѓа со доживотно членство во „Moon“ кое доаѓа со ексклузивни привилегии.
Додека официјалните планови во Дубаи се финализираат, компанијата проценува дека изградбата на овој единствен ресорт ќе трае две години.
„Од архитектонска, инженерска и дизајнерска перспектива, „Moon“ може да се изгради“, вели Хендерсон.