Државниот долг на САД за прв пат достигна 35.000 милијарди долари


Американскиот национален долг достигна 35.000 милијарди долари за прв пат во историјата, покажуваат податоците на Министерството за финансии на САД.

Канцеларијата за буџет на Конгресот на САД проценува дека националниот долг ќе се зголеми од 99 отсто од БДП во 2024 година на 122 отсто од БДП до 2034 година.

Истовремено, Меѓународниот монетарен фонд смета дека до 2032 година односот на јавниот долг на САД во однос на БДП ќе надмине 140 отсто. Фондот предупреди дека таквиот раст ја загрозува и националната и глобалната економија и ги повика властите во земјата што поскоро да започнат со намалување на долгот, пренесоа агенциите.