Државни службеници точеле гориво за своите возила со службени картички
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Р.И.(49) од струшкото село Горно Татеши, Ј.З.(53) од селото Делогожда и Б.В.(45) од селото Велешта. Пријавените, во текот на 2017 година, како службени лица – вработени во правен субјект во државна сопственост-М-НАВ АД Скопје-АКЛ Охрид, во вршењето на службените должности на работни места возачи, користејќи ги задолжените безготовински картички за дополнување на гориво, покрај во службените, точеле гориво и во сопствените приватни возила. Притоа, прикажувале лажни сметки и налози со што се стекнале со противправна имотна корист од 640.040 денари.