Државната министерка за Европа на германската покраина Хесен во посета на земјава


Државна министерка за Европа на покраината Хесен, Сојузна Република Германија, Луција Путрих денеска ќе престојува во посета на земјава.

Како што соопшти собраниската прес-служба, таа ќе се сретне со членовите на Комисијата за европски прашања.

Путрих ќе оствари средба и со членовите на пратеничката група за соработка со германскиот Бундестаг.