Драмата во Лос Анџелес продолжува: Пожарот се шири (фото/видео)


Шумски пожар во Јужна Калифорнија во близина на Лос Анџелес се прошири на површина од 60 квадратни километри, еден ден откако принуди евакуација на најмалку 1.200 луѓе.

Само околу 2 отсто од пожарот што избувна во саботата беше локализиран до недела навечер, пренесува АП.

Засега нема извештаи за жртви.

Шефот на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, Кеичи Хаскет, изјави дека пожарникарите работат во тешки услови поради стрмниот терен и ветровите што го разгоруваат пожарот.

Пожарот моментално гори на околу 100 километри северозападно од Лос Анџелес, во близина на автопатот кај Горман, но Хаскет предупреди дека постои опасност пожарот да се прошири на езерото Пирамида, популарна дестинација за бродови, како и на Кастаик, дом на околу 19.000 луѓе.

 

Националната метеоролошка служба предупреди дека денеска се очекува мала влажност на воздухот и брзина на ветер од 80 километри на час.