ДПМ го отвори конкурсот за годишните награди на ДПМ за 2025


Управниот одбор на ДПМ го отвори конкурсот за традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија за дела објавени во 2025 г.: „Стале Попов“ – за најдобра прозна книга, „Ацо Шопов“ – за најдобра збирка песни, „Ванчо Николески“ – за најдобра книга за деца, „Димитар Митрев“ – за најдобра книга критика или есеистика и „Мост“ – за најдобра книга објавена на некој од јазиците на заедниците во земјава.
 
Во согласност со Статутот на ДПМ, право на учество (со сопствено дело или како членови на жири-комисиите) имаат сите активни членови на Друштвото, кои до просториите на ДПМ треба да достават (лично, или по пошта) четири примероци до делото.
 
Во однос на регулативата, конкурсот за годишните награди на ДПМ се организира во согласност со Правилник и во согласност со Деловник за жири-комисиите.
 
Конкурсот ќе биде отворен до (заклучно со) 23 декември, 15 часот.