ДПА: Рубио рекол дека Трамп го губи трпението со Путин


На американскиот претседател Доналд Трамп му истекува трпението со Русија додека се обидува да преговара за прекин на огнот во Украина, изјавија денеска за ДПА извори од НАТО.

Министрите за надворешни работи на НАТО се состанаа во Брисел втор ден за да разговараат за зајакнување на одбранбените капацитети на алијансата, поради европските стравови од експанзионистичка Русија и прашањата за поддршката на САД за Алијансата.

Сојузниците на НАТО се обидуваат да покажат дека ги слушаат поплаките на Трамп за неправедна поделба на товарот во алијансата, додека се ефективно настрана од неговите напори да преговара за мировен договор со Москва.

Американскиот државен секретар Марко Рубио рекол дека Трамп веројатно нема да ја прифати тактиката на одложување на рускиот претседател уште долго, дознава ДПА од учесниците на состанокот.

Тој рекол дека можеби е прашање на недели, а не на месеци пред Трамп сосема да го изгуби трпението, рекле изворите.

Првично остана нејасно како САД ќе одговорат ако Путин продолжи на истиот курс, со нови санкции или дополнителна воена помош за Украина кои се разгледуваат како можни опции.

Трамп со недели се обидува да преговара за прекин на огнот во војната во Украина. За разлика од Украина, Москва го отфрли предлогот за безусловен 30-дневен прекин на огнот.

За време на неговата изборна кампања, Трамп прво рече дека може да ја заврши војната дури и пред да ја преземе функцијата – тврдење што подоцна го повлече, велејќи дека тоа било „малку саркастично“.

Двете страни се согласија на ограничен прекин на нападите врз енергетската инфраструктура, но исто така се обвинуваат меѓусебно за прекршување на договорот.

Неколку европски сојузници на НАТО денеска изразија разбирање што Трамп го губи трпението.

„Putin continues to obfuscate, continues to drag his feet. He could accept a ceasefire now,“ said British Foreign Secretary David Lammy at NATO headquarters. Instead, he said, Putin continues to bomb Ukraine, its civilian population and its energy supplies.

– Путин продолжува да развлекува. Тој сега би можел да прифати прекин на огнот, изјави британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами во седиштето на НАТО. Наместо тоа, рече тој, Путин продолжува да ја бомбардира Украина, нејзиното цивилно население и нејзините енергетски резерви.

Русија им должи одговор на САД, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте повторно го пофали Трамп за надминување на „ќорсокакот“ во војната што ја почна Русија на 24 февруари 2022 година, велејќи дека „навистина е импресиониран како Американците ги водат тие разговори“.

– Сега топката е во руски терен, додаде тој.

САД ги одржуваа Украина и европските сојузници „редовно информирани за она што го прават и што се случува“, рече Руте.