Досега продадени близу два милиони билети за СП2026
Цирих– ФИФА соопшти денеска дека во првите две фази од продажбата на билетите за натпреварите од Светското првенство што ќе се одржи ова лето во САД, Канада и Мексико се продадени речиси два милиони влезници.
Побарувачката е огромна, а според ФИФА, само апликациите за купување билети се за 3,4 пати поголеми од вкупниот број гледачи што присуствувале на 964 натпревари во последните 22 мундијалски изданија севкупно од 1930 година.
Најмногу билети се продадени на навивачи од трите земји домаќини на Мундијалот 2026, по што следат навивачите во Англија, Германија, Бразил, Колумбија, Шпанија, Аргентина и Франција.
Следната фаза од продажбата на билети ќе почне по мартовските баражи во кои македонката репрезентација на 26 март ќе игра против Данска во Копенхаген.
Светското првенство 2026 ќе биде прво во историјата со проширен формат со 48 репрезентации.
Вкупно ќе бидат одиграни рекордни 104 натпревари, почнувајќи од отворањето на 11 јуни до финалето на 19 јули.