Доручек кој му штети на имунитетот: Можеби мислите дека јадете здрава храна, но ова е вистината!


Дали сакате јак имунитетот? Трудете се да земате суплементи за да бидете поотпорни на болести?

Можеби вежбате редовно, а сигурни сме дека во студените денови топло се облекувате за да се заштитите  од зимата и од настинки. Сето ова го правите за да останете здрави, но сепак не можете да одолеете на некоја храна? Веројатно не сте ни свесни колку некои намирници можат да го уништат вашиот имунитет.

Лекарите особено предупредуваат на важноста на појадокот и неговиот состав, а пред се на количината на шеќер и други јаглехидрати кои ги консумираме наутро. „Премногу често за појадок се јадат житарки, палачинки, крофни, лиснато тесто, сите намирници кои се богати со шеќер“, предупредува д-р Кортни Данџело. „Додадете го на тоа шеќерот во кафето, оној со кој посипуваме овесна каша или веќе го содржи, па дури и поголема количина слатко овошје и добивате опасна количина која го загрозува нашиот имунолошки систем.

Ако вашиот појадок се базира на храна купена во пекара или дури и продавница за здрава храна, голема е веројатноста дека немате доволно протеини во него. „Секое утро треба да му обезбедите на телото доволно протеини – или од јајца, млечни производи или тофу ако сте вегетаријанец“, објаснува д-р Данџело.

Појадокот мора да содржи и доволна количина на витамин Ц, како и антиинфламаторни состојки. Затоа се препорачува сок од портокал – дефинитивно без додаден шеќер – но добро е да пиете и лимонада. Исто така, витаминот Д е задолжителен уште од раните утрински часови, без разлика дали ќе ја комбинирате храната во која е присутен или ќе земете додаток. Конечно, најлошото нешто што можете да го јадете за појадок е „брзата храна“ – брзата храна која содржи големи количини сол – исто така опасна за имунитетот.