Дончиќ ја купи куќата на Шарапова за 25 милиони долари


 Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, ја купи куќата на поранешната светска тенисерка број еден, Марија Шарапова, во Менхетен Бич, објави „Basket Infos“.

Дваесет и шестгодишниот Словенец платил 25 милиони долари за куќата.

Претходно беше објавено дека Шарапова ја ставила куќата на продажба поради фактот што поголемиот дел од времето го поминува на друго место со својот сопруг, британскиот бизнисмен Александар Гилкес.

Дончиќ на Евробаскет 2025 што е во тек, со словенечката репрезентација стигна до четвртфиналето каде што загуби од Германија (91:99).

Менхетен Бич важи за едно од најубавите места во Калифорнија, САД.