Домаќинот на самитот за климата: Нема наука која докажува дека фосилните горива треба да се укинуваат


Претседателот на самитот на ОН за климатски промени во Дубаи, султанот Ахмед ал Џабер, го доведе во прашање научниот консензус дека е неопходно постепено да се исфрлат фосилните горива за да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, објавија медиумите.

Весникот „Гардијан“ и Центарот за известување за климата објавија дека Ал-Џабер на видео-конференција со претставниците на ОН во ноември, меѓу другото, рекол дека „нема наука“ што ќе докаже дека е неопходно постепено исфрлање на фосилните горива во со цел да се ограничи глобалното затоплување.на 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустрискиот период.

Контроверзно е тоа што Ал-Џабер, домаќин на самитот за климата, е и шеф на државната нафтена компанија на Обединетите Арапски Емирати.

„Развој без користење на енергија од фосилни горива не е возможен ако не сакате да го катапултирате светот во камено доба“
Ал-Џабер, наводно, на видео-конференцијата тврдел дека развојот без употреба на енергија од фосилни горива не е можен „ако не сакате да го катапултирате светот во камено доба“.

На почетокот на климатскиот самит COP28, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека „науката е јасна“.

„Целта од 1,5 степени е можна само ако конечно престанеме да согоруваме фосилни горива“, рече Гутереш.