Документарецот „Приказна за Силјан” прикажан во 15-ина градови во Македонија


Продукцијата „Кино Балкан” соопшти дека  во изминатиот период дистрибуира македонски и филмови од регионот, меѓу нив и  документарниот „Приказна за Силјан” на режисерката Тамара Котевска, кој е прикажан во повеќе од 15 градови во Македонија.

-Филмот урива рекорди, како по број на гледачи така и по број на локации каде што е прикажан. Она што се издвојува од оваа дистрибуција е активниот пристап и откривањето нови региони и културни центри, овозможувајќи филмот да допре до секој гледач, до секое ќоше од републиката, овозможувајќи оваа исклучителна приказна да ја доживее секој жител на земјава, информира „Кино Балкан“. 

Проекција во Битола

 

Во иднина планира и организирани проекции за основни и средни училишта во  државата, активно воведувајќи го филмското дело како дел од образовниот систем по примерот на европските земји.

-Време е македонскиот филм да го добие вистинското место во киносалите во Македонија и да добие вистински третман. Време е македонскиот филм да ѝ   се врати на македонската публика, се наведува во соопштението.